Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со којшто економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари, додека проекцијата за капиталните инвестиции е на износ од 40,5 милијарди денари (650 милиони евра).
Таа нагласи дека Предлог буџетот за 2026 година ги опфаќа сите клучни политики што ќе се спроведуваат во наредниот период, со јасна цел – забрзување на економскиот раст, паралелно со постепена фискална консолидација.
Фискалната политика за 2026 година, потенцираше, ќе биде насочена кон одржување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност.
„ Ќе продолжиме со мерки за намалување на сивата економија и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Буџетот ќе се темели на реални проекции – приходите ќе се планираат според реалните можности, а расходите ќе бидат насочени кон стратешки приоритети. Ќе продолжи постепената фискална консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства. Ќе се намалуваат несуштинските расходи, а поддршката за граѓаните и стопанството ќе се спроведува по јасни критериуми и со засилен мониторинг“, рече министерката за финансии.
Слични новости
Европските и азиските инвеститори претпазливи пред одлуките на Fed
На европските берзи се тргуваа претпазливо во средата претпладнето, како и на азиските берзи, додека инвеститорите чекаат одлуки и пораки од состанокот на американската централна банка за каматните стапки
Цените на среброто соборуваат рекорди
Индустриската побарувачка за среброто нагло порасна, пред се за потребите на соларните панели, електирчните возила и електрониката. Од друга страна, производството во рудниците не успева да ја следи потрошувачката што создава дефицит на сребро.
Доларот зајакна, цените на нафтата благо пораснаа
На валутните пазари вредноста на американскиот долар во раното претпладневно тргување во средата порасна втор ден со ред во однос на кошничка валути


