Владата го одби предлогот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, да се распише референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за уставни промени за внесување на Бугарите, со цел да продолжи европската интеграција на Македонија.
„Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада.
А како изгледа кога СДСМ се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат низ пластичен пример од последниот референдум организиран 2019 година“, соопшти Владата.
СДСМ и денес продолжува да биде меко ткиво на македонскиот идентитет, се додава во соопштението.
Слични новости
Шпионски талог“ ги ширел сомнежите за аферата за шпионажа, а Абази создавал паника, вели Мицкоски
Јас не би ги коментирал овие глодари затоа што мислам дека треба да ги заборавиме изјави Мицкоски на новинарско прашање за наводниот шпионски скандал во Вила Водно.
Претседателскиот Кабинет без реакција за наводната шпионска афера
Министерството за внатрешни работи, пак, одговори дека сè уште се вршат вештачења, а се извршени и службени разговори со вработени во кабинетот. Според сознанија на Телма, службеникот за кого се води постапката е отстранет од работното место додека трае истрагата.
Пепелта од РЕК пак крева прашина, загадувањето недокажано
Заради силниот ветер присутен деновиве, на одлагалиштето за пепел само од местото каде што во моментот се одлагаше пепел, се забележа издигнување на истата. Веднаш е запрено со одлагањето и се пристапи кон дополнително покривање со земја на одложената пепел, велат од РЕК.


