Владата го одби предлогот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, да се распише референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за уставни промени за внесување на Бугарите, со цел да продолжи европската интеграција на Македонија.
„Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада.
А како изгледа кога СДСМ се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат низ пластичен пример од последниот референдум организиран 2019 година“, соопшти Владата.
СДСМ и денес продолжува да биде меко ткиво на македонскиот идентитет, се додава во соопштението.
Слични новости
Филипче демантира дека би влегол во широка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ
„Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција? Јасно кажав – поддршка за европските интеграции и реформите. Да влеземе во тендер коалицијата на Мицкоски? Од каде некому му падна на памет таква идеја? “
Баритонот Ристе Велков загина во тешка сообраќајна несреќа во која починаа и три млади момчиња
Несреќата се случи синоќа околу 23 часот на обиколница на Град Скопје, кога возач на камион изгубил контрола и удрил во возило „бмв“ со кое се превезувале три момчиња на 20 години и татко на едно од момчињата.
Филипче: Се повлекуваме од Комисијата за финансирање и буџет, СДСМ нема да учествува во секојдневното, брутално, задолжување на државата
Пратеничката група на СДСМ нема да учествува во најновото задолжување на државата, најави партискиот лидер Венко Филипче на прес-конференција претпладнево. Последното задолжување од 260 милиони евра од повеќе банки, Филипќе го нарече „брутално“.


