Владата го одби предлогот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, да се распише референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за уставни промени за внесување на Бугарите, со цел да продолжи европската интеграција на Македонија.

„Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада.

А како изгледа кога СДСМ се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат низ пластичен пример од последниот референдум организиран 2019 година“, соопшти Владата.

СДСМ и денес продолжува да биде меко ткиво на македонскиот идентитет, се додава во соопштението.

 

Слични новости

Собранието ќе расправа за законските измени за укинување на техничката влада

Собранието ќе расправа за законските измени за укинување на техничката влада

Во Собранието ќе се разгледува предлогoт за законските измени на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка, со кои се создаваат услови за елиминирање на моделот на преодна, односно техничката влада.