На денешната седница беше разгледано мислењето од Министерство за правда по кое владата отвори сериозна дискусија, информира на прес-конференција Марија Митева, портпаролка во Владата.
„Постапувајќи по заклучокот кој беше донесен на претходната владина седница со која го задолживме Министерството за правда да преземе активностите во однос на поведување на постапка за разрешување на Јавниот обвинител, Министерство за правда го достави мислењето во кое се нотирани следниве состојби: Како прво: нарушениот углед на институцијата со која раководи јавниот обвинител, затоа што чувањето на угледот на институцијата е должност која потекнува од Законот за јавно обвинителство, конкретно член 4 став 1“, рече портпаролката.

Целокупната јавност, потсетува Митева, во изминатиов период беше сведок на низа скандали, нарушена функционалност на ЈО, незаконски постапувања и корупција, неефикасност и повреда на принципите и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите.
Ваквите состојби, како што рече, се комплетно спротивни на обврските кои произлегуваат од законските надлежности.
Според неа, во случајот, не станува збор само за перцепција само на Владата, туку тоа е констатирано од стручна јавност, констатирано е во извештаи кои имаат конкретни, мерливи и објективни показатели.
„Во оваа смисла, Владата цени дека придонесот од јавниот обвинител за овие состојби е значителен и е резултат на низа пропусти и повреди во неговото постапување и извршување на функцијата. Овие дејствија со кои се предизвикани тешки последици по функционирањето на јавното обвинителство со што е направено намерна и неоправдана крупна професионална грешка се правните аргументи со кои што ќе побараме разрешување на Јавниот обвинител пред истекот на мандатот. Дополнително како Влада цениме дека јавниот обвинител покрај правна одговорност, подлежи или би требало да подлежи и на поширока општествена одговорност, особено пред органот кој што го избрал, а пред се пред граѓаните чии интереси треба да ги штити. Согласно вака утврденото мислење, Владата го задолжи министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител, кое пак Владата ќе го достави до Советот на јавните обвинители од каде согласно законските одредби потребно е да се добие мислење“, нагласи Митева.
Слични новости
Коцевски: Сѐ уште трае увидот во дискотеката, истрагата ќе биде брза и целосна
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски во првата изјава за медиумите по пожарот во Кочани изјави дека според првичните сознанија најверојатно пиротехничките средства го предизвикале пожарот во дискотеката во Кочани, но нагласи дека не може ништо повеќе да каже бидејќи се врши увид на лице место.
Таравари: Во моментот 118 лица згрижени низ болниците во државата, понудена помош од соседните земји
Министерот за здравство Арбен Тараври изјави дека повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и на Клинички центар во Скопје и на сите им е укажана медицинска помош. Засега имаат капацитети државните болници, а им била понудена и помош од држави од соседството.
Тошковски: 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во Кочани
Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски