Владата на денешната 57-ма седница го донесе предлогот на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми.
„Со оглед на фактот дека резултатите од последните истражувања покажуваат дека над 70 отсто од јавноста се информира на интернет, со што онлајн медиумите стануваат важен чинител во медиумскиот простор, се наметна потребата од нивно воведување во Законот за медиуми, што ќе придонесе и за поинтензивно поттикнување на саморегулацијата како битен сегмент за професионалното новинарско работење и зајакната конкурентност во медиумскиот простор“, информираат од Владата.
Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми има за цел да ја зајакне конкурентноста во медиумскиот простор и да ги реши постојните проблеми со интернет порталите, преку поставување на правна рамка која ги препознава како такви, односно јасни правила за нивно основање и регистрација.

Дополнително, на денешната седница Владата ги утврди членовите во Комисијата за утврдување на репрезентативност од надлежните институции и тоа, по еден претставник од Министерство за економија и труд, Министерство за социјална политика, демографија и млади и Министерство за правда.
Воедно, Владата ја донесе одлуката да додели премија на ракометарите во висина од 3 милиони денари како резултат на достоинственото презентирање на македонските спортисти во Хрватска на Светското првенство, со особена благодарност за нивната пожртвуваност.
Имајќи ја предвид потребата за изведба на потпорен ѕид на УКЦ Мајка Тереза, Владата ја разгледа и усвои информација за повеќегодишна јавна набавка и даде согласност за преземање на обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства за 2025, 2026 буџетска година на Министерството за здравство.
Слични новости
Обвинителството бара продолжување на краткотрајниот притвор за 16 лица
Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, информираат од Обвинителството
Таравари: Денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лекуваат во странство од пожарот во Кочани
Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лакуваат во странство, од трагедијата во Кочани.
Таравари: Првите критични 72 часа ги минавме без нови смртни случаи
Нема починати меѓу оние кои ја преживеаја трагедијата. Се надевам дека сите пациенти ќе закрепнат и полека-полека да зборуваме колку пациенти си одат дома, рече Таравари.