Владата на денешната седница го задолжи Министерството за правда да преземе активности за поведување на постапка за разрешување на државниот јавен обвинител.
„Разочарувањето на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира, а секојдневното продолжување со ваквите состојби, резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на правната држава“, истакна владината портпаролка Марија Митева

Портпаролката образложи под кои аргументи беше донесена ваквата одлука:
„Најпрво се отвори расправата за последниот индекс на транспарентност кој беше објавен денес и од каде детално можеше да се види дека конкретно четири точки се однесуваат на состојбите кои се случиле во обвинителството и судството.Дополнително, последното именување на ВД шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје е одлука која е незаконска, односно надвор од одредбите пропишани во законот за јавното обвинителство“, рече Митева.
Слични новости
Рокас: Тука сме со поддршка како ваши партнери од првиот миг, да се поддржуваме меѓусебе во вакви тешки мигови
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека ЕУ како партнер на Македонија е тука со поддршка и помош од првиот миг на трагедијата што се случи во Кочани, во која животот го изгубија 59 лица, а 155 се повредени
Кочани: Демолирано кафулето на сопственикот на опожарената дискотека
Група граѓани во Кочани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката каде во пожар загинаа 59 лица, јави дописникот на МИА.
Протест во Кочани, се бара одговорност
Граѓани кои денеска се собраа во Кочани барајќи одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 59 лица пред општинската зграда фрлаат со јајца и бараат да излезе градоначалникот