Вкупно 352 бугарски државјани гласале на седумте избирачки места што беа отворени на територијата на Македонија на изборите за претседател и потпретседател на Бугарија, а најголем број гласови освоила кандидатската двојка Илијана Јотова и Кирил Влчев, соопшти бугарската Цнетрална изборна комисија.

Избирачки места беа отворени во Скопје, во Битола, во Охрид, во Струмица, во Кавадарци, во Кочани и во Прилеп.

Во вториот круг на претседателските избори одат Илијана Јотова и Кирил Валчев со предност пред Андреј Ѓуров и Георги Кандев, која беше помала од очекувањата.

Идниот претседател и потпретседател на Бугарија ќе бидат познати по вториот круг на 1 ноември.

 

Слични новости

МВР и натаму не соопштува детали од истрагата за бегството на Ива Михаилова

МВР и натаму не соопштува детали од истрагата за бегството на Ива Михаилова

„Овој упад кој што е направен и буквално е киднапирано лице коешто сега е бегалец од правдата, нема вака да заврши“ порача премиерот Мицкоски и додаде дека не смее да бидеме жртва на емотивни реакции.