Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на април лани е зголемен за 6 проценти. Податоците што ги објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека има раст од 8,2 проценти кај Производство на прехранбени производи, од 18,7 проценти кај Производство на електрична опрема и од 94,7 проценти кај Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Во април годинава во однос на март годинава, вкупниот промет во индустријата, бележи пад од 7,9 проценти, додека во периодот јануари – април годинава во однос на истиот период лани има зголемување од 3,6 проценти.

Според податоците на ДЗС, прометот во индустријата на домашниот пазар во април годинава во однос на април минатата година, е намален за1,7 отсто, а во периодот јануари – април 2025 година, во однос на истиот период од минатата година за 3,7 отсто. 

 

Слични новости

Трамп ја дозволи продажбата на Ју Ес стил за 14,9 милијарди долари на јапонскиот Нипон стил

Трамп ја дозволи продажбата на Ју Ес стил за 14,9 милијарди долари на јапонскиот Нипон стил

Нипон стил потврди дека презема 100 роценти од сопствеништвото врз американската компанија, а оваа спогодба вклучува и 11 милијарди долари нови вложувања до 2028, како и обврски во поглед на управувањето, производството и трговијата.