ВИ четботот Грок во сопственост на милијардерот Илон Маск, во низата неодамна избришани објави тврдеше дека Маск е во подобра физичка форма од кошаркарот Леброн Џејмс и дека е попаметен од историски генијалци како што се Леонардо да Винчи и Исак Њутн.

Како што пренесува Градијан, во објавите кои подоцна беа отстранети, Грок оцени дека Маск одржува исклучителна физичка и ментална кондиција, управувајќи со Тесла, Спајсикс и Нуролинк.

Грок имаше и такви апсурдни тврдења дека Маск „би ги воскреснувал мртвите побрзо и од Исус Христос“.

Маск реагираше на овие објави и изјави дека Грок „е манипулиран со противнички поттици да изнесе апсурдни позитивни тврдења за него.

Ова не е прв инцидент со Грок. Претходно четботот го фалеше нацистичкиот лидер Адолф Хитлер и промовираше теории на заговор, што подоцна беше исправено, а четботот и се извини на јавноста.  

Слични новости

„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари

„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари

„Зимското јајце“ кое се смета за една од најубавите креации на Фаберже беше купено од анонимен купувач, соопшти аукциската куќа Кристи, пренесува Би Би Си. Јајцето е украсено со 4.500 дијаманти, а го нарача царот Николај Втори 1913 како божиќен поклон за својата мајка царицата Марија Фјодоровна.