Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.

Во изминатиот период, преку повеќе дејствија и примена на посебни истражни мерки, обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение дека тој го искористил своето реално влијание и службената положба што ја извршувал за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 поединечни предмети, на подрачјето на кое ја вршел својата функција.

Притоа, ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка.

Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, беа извршени претреси во домот на осомничениот и во просториите на ВЈО Битола со цел обезбедување дополнителни докази.

 

Слични новости

Груби се појави на Суд – рочиштето за „Лотарија“ одложено за 7 септември

Груби се појави на Суд – рочиштето за „Лотарија“ одложено за 7 септември

Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска седна на обвинителна клупа, но рочиштето се одложи за 7 септември за одбраната да направи увид во доказите. Во случајот за слоупотреби во Државна лотарија, покрај Груби, се гонат уште седум лица

Во Македонија активни четири пожари

Во Македонија активни четири пожари

Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати – соопшти утрово Центарот за управување со кризи.