Спрецијалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф изјави дека по разговорите одржани на високо ниво во Москва и Киев е постигнат значаен напредок во настојувањата да се оконча војната во Украина.
Витков наведе дека разговорите на американската делегација во Киев биле одржани во две рунди. Во втората рунда разговори на преговарачите им се придружиле советниците за национална безбедност на Британија, Франција и Германија, за да бидат усогласени наредните заеднички активности.
Виткоф најави и дека се договорени трилатерални преговори, но не прецизираше кога би можеле да се одржат.
Виткоф и Кушнер најпрвин престојуваа во Москва каде што во Кремљ разговараа со рускиот претседател Владимир Путин, а следниот ден допатуваа во Киев каде што водеа разговори со украинските претставници.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.