Специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф, и зетот на американскиот лидер, Џаред Кушнер, денеска пристигнаа во Москва. .
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин, одговарајќи на прашања на новинарите, рече дека американските пратеници Виткоф и Кушнер се секогаш добредојдени гости во Русија и дека Москва со задоволство соработува со нив.
Американскиот портал „Аксиос“ објави во петокот дека Виткоф и Кушнер ќе ги посетат Москва и Киев овој викенд за да разговараат за начините за решавање на конфликтот во Украина.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека испратил специјални пратеници за да преговараат за решение на конфликтот во Украина и порача дека Вашингтон развил нова идеја за можен мировен договор.
Виткоф и Кушнер последен пат ја посетија Москва во јануари кога разговараа со Путин.
Слични новости
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.