Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф денеска во Москва треба да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа истиот ден во Даблин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по украинско-руските преговори што завршија вчера во Абу Даби.

По пристигнувањето во ирската престолнина, Володимир Зеленски изјави дека би можела да се отвори можност за постигнување прекин на огнот пред 2027 година. Важно е што Американците заминаа на разговори со Путин со конкретни елементи, рече Зеленски. 

Претходно, Русија и Украина постигнаа начелен договор за голема размена на воени заробеници по дводневните мировни преговори во Абу Даби, со посредство на САД.

 

Слични новости

Иран соопшти дека погоди танкер под знамето на Того

Иран соопшти дека погоди танкер под знамето на Того

Иранската револуциоенрна гарда соопшти дека нејзините сили погодиле танкер кој пловел под знамето на Того во подрачјето на Ормутскиот теснец.
Танкерот „Тренд“ бил погоден, а потоа преретнат откако на него избувнал пожар, се наведува во соопштението на Техеран.