Специјалниот преговарач на Доналд Трамп Стив Виткоф го откажа состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Турција, откако беше информиран дека Зеленски не сакал да разговара за американскиот мировен план, пишува Аксиос. Зеленски наместо тоа, дошол со сопсѕвен предлог, усогласен со Европа и инсистирал на разговори во поширок формат.

Трамп ја поддржа одлуката на Виткоф да го откаже состанокот со Зеленски бидејќи не гледал никаков простор за напредок. „Сега ќе чекаме. Топката е на теренот на Зеленски“ изјави американско службено лице. Тој додаде дека доколку сака Зеленски може да дојде во Вашингтон за да разговара за американскиот план.

Медиумите имаат потврда дека американскиот документ му бил предан на Зеленски кој бил незадоволен од предлогот.

Слични новости

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер