Специјалниот пратеник на американскиот претседател Стив Виткоф одби да ја користи безбедната фиксна линија на Европската унија за време на неодамнешните разговори за Украина, објави „Волстрит журнал“.

Како што пишува весникот, европски службени лица му предложиле разговорите да се вршат преку специјална телефонска линија наменета за „чувствителни дипломатски разговори“.  

Американскиот преговарач ја одбил понудата со образложение дека премногу се движи за да биде во можност да го користи „гломазниот систем“ на безбедна комуникација.

Оваа необична епизода привлекла големо внимание во допломатските кругови, со оглед на фактот што разговорите беа поврзани со украинската криза и координацијата меѓу Вашингтон и Брисел.

Москва пак тврди дека транскриптите на телефонските разговори меѓу Виткоф и руските официјални лица биле објавени на инсистирање на британската разузнавачка служба МИ 6.

Слични новости

Трамп ја изостави Северна Кореја во својата безбедносна стратегија, можно обновување на дипломатијата

Трамп ја изостави Северна Кореја во својата безбедносна стратегија, можно обновување на дипломатијата

Новиот план на американскиот претседател Доналд Трамп за глобална безбедност повеќе не вклучува денуклеаризација на Северна Кореја, што ги поттикнува шпекулациите дека Вашингтон се стреми да ги зголеми шансите за дипломатски напредок со Пјонгјанг во 2026 година

Маск ја спореди ЕУ со нацистите, X ја затвора рекламниот профил на ЕК

Маск ја спореди ЕУ со нацистите, X ја затвора рекламниот профил на ЕК

Два дена откако Европската унија изрече голема казна на платформата X, социјалната мрежа ја затвори својата рекламна сметка на Европската комисија, а сопственикот Илон Маск ја спореди Унијата со нацистичка Германија