Вимблдон го зголеми наградниот фонд за оваа година на 53,5 милиони фунти (72,59 милиони долари), што е за седум отсто повеќе отколку во 2024 година и двојно повеќе од она што го нудеа пред десет години, објави во четвртокот All England Lawn Tennis Club (AELTC).

Поединечните победници ќе добијат по три милиона фунти, што е за 11,1 отстот повеќе од наградниот фонд што го освоија Шпанецот Карлос Алкараз и Чехинката Барбора Крејчикова минатата година.
Тенисерките кои ќе бидат елиминирани во првото коло од натпреварувањето во поединечна конкуренција ќе добијат 66.000 фунти, што е за десет отсто повеќе од минатата година.
Слични новости
Манчестер јунајтед заинтересиран за голманот на Астон Вила Емилијано Мартинез
Британските медиуми наведуваат дека менаџерот на Манчестер јунајтед Рубен Аморим не е задоволен со одбраните на првиот голман Андре Онана во минатата сезона и дека поради тоа решил да ангажира нов чувар на мрежата.
Интер Мајами и Ал Ахли одиграа без голови во премиерниот натпревар на Светското клупско првенство
Најголемата шанса за гол ја имаа Египќаните, но фудбалерот на египетскиот тим, Трезеге, промаши пенал во 43-тата минута.
Буфон потврди дека Џенаро Гатузо е нов селектор на фудбалската репрезентација на Италија
Гатузо е новиот селектор на италијанската репрезентација. Донесовме најдобра одлука, изјави директорот на италијанската фудбалска репрезентација Џанлуиџи Буфон за италијанските новинари.