Вил Смит објави нов албум, негова прва плоча по 20 години пауза од албумот „Загубено и најдено“ во 2005. Албумот на познатиот актер и хип-хоп пејач „Базирано на вистинска приказна“ вклучува соработка на Вил Смит со Ди Џеј Џези, Тејана Тејлор, Џојнер Лукас, како и со неговиот син Џејнден Смит.

Издавач на новиот албум на Вил Смит е Сленг Рекордс, со кого Вил Смит потпиша договор минатата година.

По издавањето на албумот Вил Смит изјави дека „процесот на создавање на албумот му дозволил да биде поискрен се осебе си околу тоа, кој е навистина Вил Смит“. Тој најави дека следува најголемиот креативен период во уметничка смисла од целиот негов живот.

 

Слични новости

Втора медицинска установа во Токио воведува „кошничка за бебиња“

Втора медицинска установа во Токио воведува „кошничка за бебиња“

Болница во Токио во понеделникот стана втората медицинска установа во Јапонија која нуди „кошничка за бебиња“, овозможувајќи им на родителите безбедно и анонимно да ги остават своите новороденчиња за кои не можат да се грижат