Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан денеска изјави дека унгарските обвинители ги заплениле серверите на неговата партија „Фидес“ и ја обвини владата на премиерот Петер Маѓар дека воспоставува „нелегитимен“ политички систем, повикувајќи ги своите приврзаници да се спротивстават на „тиранијата“.

Орбан кој по 16 години на власт ги загуби изборите во април, ги изнесе своите први силни политички поракинабргу откако обвинителите извршија претсрес на канцелариите на неговата партија Фидес.

Орбан тврди дека во Унгарија повторно почнала ерата на тиранијата и тврди дека Унгарија престанала да биде демократска држава, откако владата на десниот центар усвои уставен амандман со кој се окончува мандатот на претседателот на државата и на претседателот на Уставниот суд.

Слични новости

На референдумот во Исланд 51 насто од граѓаните за ЕУ

На референдумот во Исланд 51 насто од граѓаните за ЕУ

Референдумот во Исланд за продолжување на преговорите за членство во Европска Унија сосема ги подели жителите на островото. Според нецелосните резултати, 51,2% од гласачите се изјасниле за, а 48,8% се „против“, при што државната телевизија „РУВ“ објави дека разликата е стотици гласови.