Во НБА лигата каде што од самиот старт се води дебата дали МВП на крајот на регуларната сезона титулата треба да му припадне на Никола Јокиќ кој забележува трипл дабл во просек или на ШГА кој го предводи најуспешниот тим Оклахома сити, се вмеша и францускиот центар Виктор Вембенјама.

По победата врз Мајами со која Сан Антонио се зацврсти на втората позиција во Западната конференција Вембенјама кој постигна 26 коша со 15 скокови рече дека тој би требало да биде МВП на лигата.

„Мојот прв аргумент зошто јас треба да бидам МВП е дека одбраната е 50 проценти од играта, а јас сум највлијателниот одбранбен играч во НБА. Второ, доминиравме врз ОКлахома секогаш кога игравме во полн состав. И трето, влијанието врз нападот не е само во постигнатите кошеви“ порача Вембенјама.

Слични новости

Ливерпул пред една година имаше дури 20 бодови повеќе отколку во моментов

Ливерпул пред една година имаше дури 20 бодови повеќе отколку во моментов

Ливерпул минатата сезона ја освои титулата и полесно од тоа што се очекуваше, а кога клубот летоска потроши 450 милиони евра на нови засилувања, се веруваше дека Ливерпул повторно ќе биде главен кандидат за освојување на титулата.