Викторија Џонс, 34-годишната ќерка на познатиот актер Томи Ли Џонс, беше пронајдена мртва во хотел во Калифорнија во раните утрински часови на новогодишното утро, објавија медиумите во петокот.

Полицијата пристигна во хотелот „Fairmont San Francisco“ околу 3:14 часот наутро во четврток по пријава за медицинска итна состојба, изјавија од полициската управа на Сан Франциско за Post.

 

Болничарите по пристигнувањето ја прогласиле мртва жената, која извори на таблоид порталот TMZ ја идентификувале како Џонс.

Судската медицина ќе ја утврди причината за нејзината смрт.

Џонс се појави заедно со својот татко во филмот „Мажи во црно 2“. Таа имаше улога во ТВ серијата „One Tree Hill“, а глумеше и во филмот од 2005 година „Трите погреби на Мелкијадес Естрада“, кој го режираше и во кој глумеше нејзиниот татко, според нејзиниот профил на IMDB.

Џонс имаше проблеми со законот во 2025 година, откако беше апсена најмалку трипати, според документите во кој имал увид Post.

globe

Слични новости

Оскаровецот Томи Ли Џонс се приклучи на кастот на серијата „Lowdown“

Оскаровецот Томи Ли Џонс се приклучи на кастот на серијата „Lowdown“

Продуцентите на серијата „Lowdown“ во кастот на втората сезона го додадоа Оскаровецот Томи Ли Џонс, кој ќе им се придружи на Итан Хоук и Бети Гилпин. Засега не се објавуваат детали за ликот на Томи Ли Џонс во серијата.