Студиото Сони денеска ќе ја има светската премиера на хоророт „Резидент евил“ и се надева на заработка од околу 40 милиони долари викендов и прво место на американскиот Бокс офис.

Сценариото и режијата на филмот чиј буџет беше 75 милиони долари се на Зак Крегер, а филмот од денеска ќе се прикажува во 3.500 кино сали низ САД.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Остин Абрамс, Зак Кери, Кали Рајс и Пол Волтер Хаузер.

„Резидент евил“ е филмска франшиза настаната од популарната видео игра од 1996-та година.

 

Слични новости

Легендарните „У 2“ ќе настапат на полувремето на НФЛ натпреварот на денот на благодарноста

Легендарните „У 2“ ќе настапат на полувремето на НФЛ натпреварот на денот на благодарноста

Стриминг гигантот Нетфликс објави дека се договорил со ирскиот легендарен бенд У2 да настапува на полувремето на НФЛ натпреварот на денот на благодарноста во САД. Натпреварот ќе се игра на 25 ноември на стадион во Лос Анџелес.