Студиото Сони денеска ќе ја има светската премиера на хоророт „Резидент евил“ и се надева на заработка од околу 40 милиони долари викендов и прво место на американскиот Бокс офис.

Сценариото и режијата на филмот чиј буџет беше 75 милиони долари се на Зак Крегер, а филмот од денеска ќе се прикажува во 3.500 кино сали низ САД.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Остин Абрамс, Зак Кери, Кали Рајс и Пол Волтер Хаузер.

„Резидент евил“ е филмска франшиза настаната од популарната видео игра од 1996-та година.

 

Слични новости

ВИ откри критичен пропуст: Паднаа eвропски владини сајтови

ВИ откри критичен пропуст: Паднаа eвропски владини сајтови

Владини веб-страници во Холандија, Франција, Данска и Финска беа привремено исклучени по откривањето критични безбедносни пропусти во програмскиот јазик PHP, кој се користи за функционирање на голем дел од интернетот.