Летното сметање на времето почнува во последниот викенд во март, кога часовникот се поместува еден час напред, а трае до последниот викенд од октомври. Летното сметање на времето во 2026 година почнува на 29 март во 02:00 часот, кога часовниците ќе се поместат еден час нанапред, односно – 03:00 часот.

Ова значи дека во недела, 29 март, деноноќието наместо 24, ќе има 23 часа.

Во последниве години многу земји апелираа да се укине летното сметање на времето, па поттикнати од тоа, во 2016 година Европската унија покрена иницијатива да се одреди едно време кое ќе биде унифицирано за сите држави на континентот, но безуспешно.

Слични новости

Заемот од 260 милиони евра пред пратениците

Заемот од 260 милиони евра пред пратениците

Собранието денеска ќе ја продолжи 102. седница, на чиј дневен ред се преостанатите три точки, меѓу кои и предлог-законот за задолжување на државата во износ од 260 милиони евра, по скратена постапка.