Американските истражувачи за прв пат успешно ја користеа вештачката интелигенција за дизјанирање на целосно нови вирусни геноми кои потоа во лабораториски услови покажаа способност на размножување. Истражувачите наведуваат дека се создадени 16 нови вируси, но дека тие ги инфицираат исклучиво бактериите и не претставуваат опасност за луѓето, пренесе Би Би Си.

Научниците оценуваат дека станува збор за голем чекор во синтетичката биологија, кој би можел да отвори нови можности во лекувањето на болести, но стручњаците предупредуваат и на потенцијални безбедносни ризици.

Експертите предупредуваат дека новата технологија го отвара прашањето на биолошката безбедност, бидејќи во иднина би можеле да паднат во рацете на биотерористи кои би ја користеле технологијата за создавање на опасни организми.

Слични новости

Русија изведе нови напади врз Киев со голем број на загинати и повредени

Русија изведе нови напади врз Киев со голем број на загинати и повредени

Русија изврши нов масовен напад со ракети и дронови врз Киев во кој загинаа 14 луѓе, а 27 се повредени, соопшти украинската служба за вонредни ситуации. Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко објави дека се хоспитализирани 15 луѓе, од кои четворица во критична состојба.