На овогодинешниот СинемаКон во Лас Вегас, вниманието на светската филмска јавност го привлекоа ексклузивните кадри од филмот „Длабоко како гроб“. Филмот стана жешка тема откако креаторите објавија дека ликот на починатиот Вал Килмер целосно ќе биде рекреиран со помош на вештачката интелигенција.

Наследниците на Вал Килмер, неговата ќерка и син дадоа согласност за користење на ликот на нивниот татко.

Режисерот Корт Ворхис изјави дека ликот на Вал Килмер генериран од вештачка интелигенциј ќе се појави во филмот дури еден час и 17 минути.

Публиката на интернет силно негодуваше за „оживувањето“ на Вал Килмер со вештачка интелигенција.

 

Слични новости