Вечерва од 21 часот се игра првиот меч од второто полуфинале во Лигата на Шампионите меѓу Атлетико Мадрид и Арсенал.

На стадионот „Метрополитано“ ќе се игра на тактика, ќе се игра да не се прими гол, што е сосема спротивно од синоќешниот спектакл меѓу ПСЖ и Барен на кој имаше дури 9 голови.

Диего „Чоло“ Симеоне и Микел Артета имаат сосема поинаков пристап на играта и тактиката од Луис Енрике и Винсент Компани.

Атлетико е фокусиран само на ЛШ, додека Арсенал сеуште се бори и за титулата во Премиер лигата што му дава предност на Атлетико.

Но од друга страна Арсенал го има најдобриот тим во Премиер лигата, кој треба повторно да почне да игра квалитетен фудбал како на почетокот на сезоната.

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено