Вечерва од 21 часот на Паркот на принцовите во Париз се игра првиот полуфинален меч меѓу бранителот на титулата Париз Сен Жермен и Баерн од Минхен.

ПСЖ влегува во двомечот со голема самодоверба по убедливите победи дома и на гости против Ливерпул во четвртфиналето без примен гол.

Но и Баерн Минхен кој ја обезбеди титулата во Бундес лигата доаѓа со голема самодоверба откако во четвртфиналето го елиминираше Реал Мадрид и постигнати дури 7 голови на тој двомеч.

Во второто полуфинале утре во Мадрид играат Атлетико и Арсенал.

Слични новости

Џа Морант најверојатно ќе биде трејдуван во Мајами

Мајами Хит кој беше еден од најсериозните тимови за ангажирање на јанис Адетокумбо од Милвоки, се откажа од трката за грчкиот крилен центар и се насочи кон тоа да го доведе спектакуларниот плејмејкер на Мемфис Гризлис Џа Морант.