Генератори за струја на ветар и соларните оанели за прв пат во 2025 произведоа повеќе електрична енергија во Европската унија отколку фосилните горива. Ветерот и сонцето произведоа рекордни 30 насто од енергијата, додека фосилните горива паднаа на 29 насто.

Пред само пет години, овој однос беше значјано на страна на фосилните горива кои имаа удел од 37 насто, а ветерот и сонцето создаваа 20 насто од енергијата.

Во извештајот на European Electricity Review се нагласува дека во 2025 јагленот го достигна историскиот минимум од 9,2 насто, а пред десет години обезбедуваше четвртина од електричната енергија во ЕУ со учество од 25 насто.

Слични новости

Морган Стенли укинува 2.500 работни места

Морган Стенли укинува 2.500 работни места

Намалувањето на бројот на работните места се случи во три главни дивизиски банки- инвестициското банкарство и трговијата, управување со богатството и управување со инвестициите.

Стравот од долга војна ги подигна цените на енергентите кон максимум

Стравот од долга војна ги подигна цените на енергентите кон максимум

Цените на гасот се ближат кон тригодишниот максимум, додека цената на нафтата Брент надмина 84 долари по барел. На берзите завладеа страв дека војната на САД и Израел против Иран ќе трае подолго од тоа што се очекуваше.