Американскиот кошаркар Расел Вестбрук ќе ја продолжи кариерата во Сакраменто Кингс, објави спортската мрежа ESPN.
Ова ќе биде 18-та професионална сезона и седми клуб за 36-годишниот Вестбрук откако играше за Денвер, ЛА Клиперс, ЛА Лејкерс, Вашингтон, Хјустон и Оклахома Сити.
Во новиот клуб, тој ќе биде соиграч на хрватскиот репрезентативец Дарио Шариќ, со кого ја делеше соблекувалната минатата сезона во дресот на Денвер.
Минатата сезона, тој имаше просек од 13,3 поени, 6,1 асистенции и 4,9 скока во 75 натпревари, од кои 36 ги започна во почетниот состав.
Вестбрук, кој во ноември полни 37 години, има најмногу трипл-дабл во историјата на НБА (203) и е еден од само двајцата играчи во историјата со 25.000 поени, 8.000 скока и 8.000 асистенции, заедно со Леброн Џејмс.
Досега има постигнато 26.205 поени во кариерата и му требаат уште 506 за да го надмине Оскар Робертсон како плејмејкер со најмногу поени во историјата на НБА лигата.
Слични новости
Трамп ја доби Наградата за мир на ФИФА
Американскиот претседател Доналд Трамп ја доби наградата за мир, која првпат годинава ја доделува светската фудбалска федерација ФИФА
Турција: 29 играчи уапсени за обложување
Турските власти наредија во петокот апсење на 46 лица, вклучувајќи 29 фудбалери, како дел од широката истрага за местење натпревари, соопштија обвинителите во Истанбул
Лејкерс и Сиксерс победија со звукот на сирената
Лос Анџелес Лејкерс ги победија Торонто Репторс со 123:120 на гостински терен, а победата ја обезбеди Руи Хачимура, кој постигна тројка од корнер со звукот на сирената


