Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е новиот светски шампион во Формула 1 откако заврши трет на последната, 24-та трка од сезоната, Големата награда на Абу Даби. По 24 трки од сезоната, Норис конечно славеше со два бода повеќе од четирикратниот последователен шампион Холанѓанецот Макс Верстапен во болидот на Ред Бул.
Победата на патеката Јас Марина во Абу Даби му припадна на Холанѓанецот Верстапен, тоа беше негова осма оваа сезона и 71-ва во кариерата, но тоа не му беше доволно за да слави во генералниот пласман. Втор беше Австралиецот Оскар Пјастри од Мекларен, кој исто така се надеваше на титулата, а третото место, доволно за титулата, го освои Норис.
Пред последната трка од сезоната, Норис беше во најдобра позиција, беше во водство со 408 бода, а првата титула во кариерата му ја носеше пласман на едно од првите три места, без оглед на резултатот на неговите ривали. Актуелниот светски шампион Верстапен беше втор со 396 поени, додека Пјастри на третата позиција имаше 392 поени. Победата, инаку, носи 25 бодови, второто место 18, третото 15, четвртото 12….
На крајот, Норис ја освои светската титула со два бода повеќе од Верстапен. Норис собра 423 поени, Верстапен 421, а Пјастри 410 поени. Последниот пат кога возач на Мекларен ја освои светската титула беше во 2008 година кога победи Британецот Луис Хамилтон.
Норис влезе во историјата како 35-ти светски шампион. Рекордери се Германецот Михаел Шумахер и Британецот Луис Хамилтон со по седум титули, додека легендарниот Аргентинец Хуан Мануел Фанџо има освоено пет.
Иако тројца возачи конкурираа за титулата пред последната трка од сезоната, трката во Абу Даби помина непречено и без многу драма.
Актуелниот светски шампион Верстапен ја имаше пол-позицијата, Норис стартуваше од второто место, а Пјастри од третото. Стартот мина без поголеми изненадувања. Верстапен имаше одличен старт, држејќи ја првата позиција, Норис беше втор, а Пјастри трет. Сепак, на половина од првиот круг, Пјастри го престигна својот клупски колега. Тоа беше смел потег на Пјастри, со оглед на ситуацијата, а Норис не сакаше да ризикува.
Во 18-от круг, Норис првпат влезе во боксост, излегувајќи на деветтата позиција, што во тој момент го турна Верстапен на местото светски шампион. Сепак, Холанѓанецот во тој момент сè уште не замина во боксот. Три круга подоцна, Норис беше четврти, а во 24-от круг се врати на третото место, претекнувајќи го Јапонецот Јуки Цунода во Ред Бул.
Во тој момент, Верстапен исто така првпат влезе во боксост, но враќајќи се на второто место, 18 секунди зад Пјастри, кој го презеде водството. Во 39-от круг, Леклер влезе во бокс вторпат, веднаш по него следеше Норис, кој се врати на патеката на третото место, пет секунди пред Џорџ Расел, додека Леклер беше уште една секунда зад возачот на Мерцедес.
Во 41-от круг, Верстапен се искачи на првата позиција, а еден круг подоцна Пјастри исто така влезе во боксот, враќајќи се на второто место. Во последните 10 круга, Верстапен влезе во трката како лидер, а го следеа Пјастри како втор, Норис трет и Леклер четврти.
Сега веќе минатогодишниот шампион се надеваше дека Леклерк може да го турне Норис на четвртото место, што ќе му ја донесеше титулата. Но, тоа не се случи.
Тимот на Мекларен претходно веќе ја имаше обезбедено титулата кај конструкторите.
Слични новости
Нов кикс на Реал во Ла Лига
Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0
Двата гола на Хојлунд го донесоа Наполи на врвот на табелата
Фудбалерите на Наполи се искачија на врвот на табелата во италијанското првенство со победата од 2:1 на домашен терен во последниот неделен натпревар од 14-то коло против Јувентус
Важни бодови за Кристал Палас во борбата за пласман во Лигата на шампионите
Фудбалерите на Кристал Палас скокнаа на четвртото место на табелата во англиското првенство со победата од 2:1 на гости против Фулам во вториот неделн натпревар од 15-то коло


