Филмот „Верити“ сниман според бестселерот на Колин Хувер ќе ја има својата премиера на втори октомври годинава. За прв пат беше објавен трејлерот од филмот во кој главните улоги ги толкуваат Дакота Џонсон и Ен Хатавеј.
Режисер на филмот е Мајкл Шоволтер кој работеше со Ен Хатавеј во филмот „Идејата за тебе “ од 2024. Во филмот играат и Исмаел Круз Кородва и Бреди Вагнер.
2026 ќе биде многу плодна година за Ен Хатавеј која глуми и во вториот дел на „Ѓаволот носи парада“, како и во многу очекуваниот спектакл на Кристофер Нолан „Одисеја“.
Слични новости
Фреската на Микелаџело „Страшниот суд“ се реставрира по 30 години
Фреската на Микеланџело „Страшниот суд“, ремек -дело на ренесансата во Сикстинската капела во Ватикан, минува низ својата прва реставрација во последните 30 години, пренесе Ројтерс.
Шпанија го забранува пристапот на социјални мрежи за деца помлади од 16 години
„Нашите деца се изложени во простор во кој никогаш не требаше сами да се снаоѓаат. Тоа веќе нема да го толерираме. Ќе ги заштитиме од дигиталниот Див запад“, порача Санчез.
Објавен трејлерот на „Ѓаволот носи прада 2“
Во филмот кој повторно е посветен на модната индустрија, 20 години подоцна повторно играат Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи од оригиналниот каст.