Американската тенисерка Венус Вилијамс, победничка на седум Гренд-слем турнири, се омажи за италијанскиот актер Андреа Прети, а втората венчавка се одржа во Палм Бич, на Флорида.

Првата венчавка се одржа во септември во Италија. Бидејќи 45-годишната Венус Вилијамс не е италијанска државјанка, двојката ќе мораше да чека осум месеци за официјални документи за брак, па затоа решија да направат уште една венчавка. Свадбената прослава во Флорида траеше шест дена.

 

Американската тенисерка го запозна својот иден сопруг на Неделата на модата во Милано, а се верија во јануари оваа година во Тоскана.

„По нашите средби во Лондон, знаев дека ќе се омажам за него“, изјави Венус Вилијамс за списанието Vogue, додавајќи дека нејзината сестра Серена им подарила јахта.

„Серена ни подарила прекрасна јахта и направила речиси сè што е потребно за да ја организира свадбата. Десет до дванаесет наши пријатели и членови на семејството се собраа на јахтата, пеевме, танцувавме и уживавме во друштвото што се собра“, додаде американската тенисерка.

globe

Слични новости

Непознат вселенски објект блиску до Земјата, научниците ги отфрлуваат тврдењата за вонземјани

Непознат вселенски објект блиску до Земјата, научниците ги отфрлуваат тврдењата за вонземјани

Мистериозниот вселенски објект познат како Зи/АТЛАС утре ќе се најде на најблиската точка во однос на планетата Земја, додека научниците ги отфрлуваат тврдењата дека објектот би можел да биде од вештачко, односно вонземско потекло.