Американската тенисерка Венус Вилијамс, победничка на седум Гренд-слем турнири, се омажи за италијанскиот актер Андреа Прети, а втората венчавка се одржа во Палм Бич, на Флорида.
Првата венчавка се одржа во септември во Италија. Бидејќи 45-годишната Венус Вилијамс не е италијанска државјанка, двојката ќе мораше да чека осум месеци за официјални документи за брак, па затоа решија да направат уште една венчавка. Свадбената прослава во Флорида траеше шест дена.
Американската тенисерка го запозна својот иден сопруг на Неделата на модата во Милано, а се верија во јануари оваа година во Тоскана.
„По нашите средби во Лондон, знаев дека ќе се омажам за него“, изјави Венус Вилијамс за списанието Vogue, додавајќи дека нејзината сестра Серена им подарила јахта.
„Серена ни подарила прекрасна јахта и направила речиси сè што е потребно за да ја организира свадбата. Десет до дванаесет наши пријатели и членови на семејството се собраа на јахтата, пеевме, танцувавме и уживавме во друштвото што се собра“, додаде американската тенисерка.
Слични новости
Британија подготви закон за забрана на готвење живи јастози и ракови
Британската влада подгтовува закон за забрана на готвење живи јастози и школкарки. Владата би била подготвена да признае дека јастозите, раковите, октоподите, лигњите и другите безрбетници можат да „чувствуваат болка“, како дел од закон со кој животните би се признале како „свесни суштества“
Почина Крис Рија, авторот на божикниот хит „Driving Home for Christmas“
Англискиот музичар Крис Рија, веројатно најпознат на пошироката јавност по божикниот хит „Driving Home for Christmas“, почина во понеделникот на 74-годишна возраст
Актерот Џејмс Рансон извршил самоубиство
Американскиот актер Џејмс Рансон, познат по улогата на Зиги Соботка, пристаништен работник кој станува гангстер во серијата „Жицата“, почина на 46-годишна возраст, соопштија властите во сојузната држава Калифорнија


