Американската тенисерка Венус Вилијамс, победничка на седум Гренд-слем турнири, се омажи за италијанскиот актер Андреа Прети, а втората венчавка се одржа во Палм Бич, на Флорида.
Првата венчавка се одржа во септември во Италија. Бидејќи 45-годишната Венус Вилијамс не е италијанска државјанка, двојката ќе мораше да чека осум месеци за официјални документи за брак, па затоа решија да направат уште една венчавка. Свадбената прослава во Флорида траеше шест дена.
Американската тенисерка го запозна својот иден сопруг на Неделата на модата во Милано, а се верија во јануари оваа година во Тоскана.
„По нашите средби во Лондон, знаев дека ќе се омажам за него“, изјави Венус Вилијамс за списанието Vogue, додавајќи дека нејзината сестра Серена им подарила јахта.
„Серена ни подарила прекрасна јахта и направила речиси сè што е потребно за да ја организира свадбата. Десет до дванаесет наши пријатели и членови на семејството се собраа на јахтата, пеевме, танцувавме и уживавме во друштвото што се собра“, додаде американската тенисерка.
Слични новости
Тејлор Свифт донираше милиони пред празниците на хуманитарни организации
Музичката суперѕвезда Тејлор Свифт повторно ја покажа својата дарежливост со донирање на 1 милион долари на „Feeding America“ само неколку дена пред Божиќ, објави непрофитната организација во вторникот
Лувр ја врати безбедносната решетка по големиот грабеж
Музејот Лувр во вторникот постави голема метална решетка над прозорецот на галеријата од која крадците украдоа крунски накит во вредност од околу 102 милиони долари
Шпанската божикна лотарија исплати рекордни 2,77 милијарди евра добивки
Само два дена пред Божик, легендарната божикна лотарија на Шпанија исплати невидени 2,77 милијарди евра (3,25 милијарди долари) добивки


