
Потпретседателот на САД Џеј Ди Венс изјави дека очекува договор на високо ниво со компанијата која е сопственик на Тикток до 5 април.
„Речиси е сигурно дека ќе биде направена спогодба на високо ниво за која сметам дека ќе ги задоволи нашите грижи за националната безбедност и ќе овозможи создавање на засебна американска Тикток компанија“, изјави Венс.
Американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец ги овласти Венс и советникот за национална безбедност Мајкл Валц да ја надлегуваат продажбата на апликацијата за социјални мрежи Тикток.
Тикток се соочи со проблеми во САД откако на 19 јануари стапи во сила закон со кој се бара од сопствениците на Тикток кинеската компанија Бајтденс да го продадат, поради загрозување на американската национална безбеност или во спротивно ќе биде забранет.
Откако ја презеде должноста американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари потпиша извршена наредба со која се бара одлагање на примена на законот за 75 дена.
Слични новости
Европските индекси се во пад поради неизвесноста околу царините на Трамп
Извршниот директор на Голдман Сакс Дејвид Соломон изјави дека лидерите на големите корпорации сакаат економската политика на администрацијата на Трамп да биде појасна, бидејќи како што рече „во моментов нивото на неизвесност е голем“.
Благ пораст на доларот, нафтата поевтини
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо се зголеми во претпладневото тргување во четвртокот
Волстрит благо порасна, инфлацијата благо се намали
На Волстрит, индексот S&P 500 порасна во средата, по два дена пад, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од ублажувањето на инфлацијата во САД, но тргувањето останува претпазливо бидејќи Вашингтон води тарифна војна на повеќе фронтови