Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс остро ја осуди, какошто ја нарече „инцестуозната природа на американските елити“, откако Министерството за правда на САД објави нова серија документи поврзани со починатиот сексулаен престапник Џефри Епстин.

Венс истовремено нагласи дека американскиот претседател Доналд Трамп не бил дел од таа мрежа.

„Претседателот Трамп познава многу од луѓето објавени во документите за Епстин и несомнено има слично богатство и моќ, но тој никогаш не беше пријател со Епстин на начин на кој беа многу други“.

„Ова само го разоткрива инцестуозниот карактер на американските елити, што е крајно одвратно и фрла многу лошо светло врз многубројни поединци“ истакна Венс.

Сепак името на претседателот Трамп како и некои фотографии се појавија во документите што ги објави Конгресот. Меѓу материјалите има и фотографија на Трамп кој е со група на жени чии лица се замаглени.

Портпаролката на Белата куќа Абигејл Џонсон по објавувањето на документите ги обвини демократите за „селективно бирање на документите“ со цел да создадат лажна приказна.

Таа рече дека заговорот против Трамп е побиен во повеќе наврати и дека е време медиумите да претсанат да го повторуваат флоскулите на демократите.

Слични новости

Техеран испука балистички ракети кон базата „Диего Гарсија“ на 4.000 километри од брегот на Иран

Техеран испука балистички ракети кон базата „Диего Гарсија“ на 4.000 километри од брегот на Иран

Иранскиот напад предизвика загриженост во Вашингтон бидејќи Техеран со години тврди дека дострелот на неговите ракети е 2.000 километри, додека нападот покажува дека Иран има капацитет да нападне цели и на 4.000 километри.