Американскиот потпретседател ЏејДи Венс изјави во четвртокот дека би бил шокиран доколку претседателот Доналд Трамп би сакал нуклеарното оружје на САД да биде преместено понатаму на истокот во Европа кон границите на Русија.
Венс одговараше на прашања во врска со изјавата на полскиот претседател Анджеј Дуда дека САД треба да префрлат своето нуклеарно оружје на територијата на неговата земја како средство за одвраќање на некоја фиктивна идна руска агресија.

„Не сум разговарал со претседателот за тоа конкретно прашање, но би бил шокиран ако тој го поддржи ширењето на нуклеарното оружје понатаму на исток во Европа“, рече тој за време на интервјуто за телевизиската мрежа Fox News.
Анджеј Дуда ги повика САД да го пренесат нуклеарно оружје на полска територија како одвраќање против идната руска агресија, прашање за кое неодамна разговараше со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, објави во четвртокот Financial Times.
„Границите на НАТО се поместија на исток во 1999 година, така што 26 години подоцна инфраструктурата на НАТО исто така треба да се движи кон исток. За мене тоа е очигледно“, го цитира FT Анджеј Дуда во интервјуто.
„Побезбедно би било ова оружје да биде веќе во земјата“, додаде Дуда.
Слични новости
Дуда апелира САД да разместат нуклеарно оружје во Полска
Полскиот претседател Анджеј Дуда ги повика Соединетите држави да го пренесат свото нуклеарно оружје во источна Европа
Хамас го поздравува ретерирањето на Трамп од предлогот за раселување во Газа
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, во средата го поздрави очигледното повлекување на американскиот претседател Доналд Трамп од предлогот за трајно раселување на Палестинците од Газа
Русија има барања за разговорите со САД околу Украина
Не е јасно што точно ставила Москва на својата листа или дали е подготвена да се вклучи во мировни преговори со Киев пред да ги прифати барањата