Венецуела има за цел да го зголеми производството на нафта за 18 насто во текот на 2026, благодарение на новите закони со кои се очекува целосно да го отворат секторот за приватни вложувања.
Претседателот на државниот нафтен гигант Петролеос де Венецуела Хектор Обрегон изјави дека постоечкиот закон не беше во согласност со она што и беше потребно на нафтената индустрија.
Се најавува 2026 да биде пресвртна година и зголемување на прозиводството за најмалку 18 насто. Во моментов Венецуела прозиведува околу 1,2 милиони барели нафта дневно.
Слични новости
Во Индија започнува петдневен самит посветен на вештачката интелигенција
На самитот во Њу Делхи учествуваат 20 шефови на држави и влади, вклучувајќи го и францускиот претседател Емануел Макрон.
Орбан разговарал со Рубио за условите под кои унгарски МОЛ би го купил српскиот НИС
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио за условите под кои унгарската нафтена компанија МОЛ би можела да ја купи српската рафинерија НИС
Кина најави дека сосема ги укинува царините за 53 африкански земји
Кина од Први мај сосема ќе ги укине царините на увоз од 53 африкански земји со кои има дипломатски односи, пренесоа кинеските државни медиуми.


