Венецуела за прв пат по повеќе од десет години испрати опрема од државната нафтена компанија во САД на ремонт.
Опремата утрово е префрлена во Хјустон, а по ремонтот ќе биде користена на подраќјето на езерото Маракаибо, на запад од Венецуела заради зголемување на произвдоството на нафта, јави Блумберг.
Со ова се отвара простор за обновување на соработката со традиционалните добавувачи по долги години санкции и недоволни вложувања во нафтената индустрија.
Слични новости
Нафтата Брент падна на 109 долари за барел
Цената на нафтата Брент денеска во 09 и 30 часот на светските берзи падна за 3,51 насто на 109,2 долари за барел. Лесната американска нафта ВТИ падна за 3,77 насто на 100,2 долари за барел.
Црна Гора и го одзеде одобрението за платежни услуги на „Алта пеј груп“
Советот на Централната банка на Црна Гора денеска го одзеде одобрението за давање платежни услуги на платежната институција „Алта пеј груп“ ДОО Подгорица, откако утврдил дека компанијата повеќе не ги исполнува законски пропишаните услови за оваа дејност.
Ексон Мобајл и Шеврон ги надминаа очекувањата во профитите благодарение на растот на маржата во преработката на нафта
Ефективното затворање на Ормутскиот теснец и нападите врз рафинериите во Саудиска Арабија и Русија ги намалија капацитетите за производство на гориво, што ги дигна маржите во преработката на нафтата.


