Венецуелската влада изрази голема загриженост во врска со изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп и најави дека ќе поднесе жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации.
Весникот The New Tork Times објави дека САД се подготвени за спроведување тајни операции во Венецуела за што е овластена Централната разузнавачка агенција (CIA) чија цел е дестабвилизација на власта на претседателот Николас Мадуро. Самиот американски претседател набрзо ги потврди овие наводи.
„Дадов зелено светло за овие операции“, рече Доналд Трамп, кој додаде дека сака да наводно спречи големи количества дрога од Венецуела да стигнат до САД, но и тврдеше дека јужноамериканската земја наводно ослободува голем број затвореници, вклучително и луѓе од институции за ментално здравје, и ги испраќа во САД.
Венецуела објави дека ваквите изјави претставуваат кршење на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации и дека подготвува жалба.
Венецуела, исто така, додаде дека сите американски акции се насочени кон соборување на сегашното раководство на Венецуела со крајна цел ограбување на нејзините големи ресурси со нафта, гас, бакар и ретки земни минерали.
Слични новости
Најмалку 23 мртви во пожар во ноќен клуб во Гоа
Најмалку 23 лица, меѓу кои и неколку странски туристи, загинаа во пожар во популарниот ноќен клуб Арпори во индиската држава Гоа
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти
Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата
Зеленски задоволен од разговорот со Виткоф
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во саботата изјави дека имал долг и „содржаен“ телефонски разговор со специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, како и со зетот на Трамп, Џаред Кушнер


