Венецуела годинава би можела да го зголеми производството на нафта за 30-40 насто, изјави американскиот министер за енергетика Крис Рајт, наведувајќи дека постои големо интересирање на меѓународните компании за вложување во оваа јужноамериканска земја.

Американскиот министер рече дека таквиот раст би значел дополнителни 300-4000 000 барели нафта дневно, што би изнесувало дури една третина од очекуваното глобално зголемување на побарувачката за нафта во 2026.

Рајт ги изнесе овие проценки за време на министерскиот состанок на Меѓународната агенција за енергија во Париз, пренесе Блумберг.

Слични новости

Берзите во Европа и натаму во пораст

Берзите во Европа и натаму во пораст

Европските берзански индекси и денеска главно се во пораст, откако добрите резултати во работењето на холандскиот Филипс и францускиот Керинг позитивно влијае врз трговијата