Кошаркарите на Сан Антонио утринава на свој терен го победија тимот на Далас со 112:111.

Во победничкиот тим блескава партија имаше Виктор Вембенјама кој го постигна рекордот на својата кариера со 52 поени, 24 скока и 8 блокади.

Французинот стана првиот кошаркар во историјата на Сан Антонио кој на еден натпревар постигнал најмалку 50 кошеви и 20 скокови.

Во екипата на Далас најдобар беше Кајри Ирвинг со 29 коша, додека Наџи Маршал постигна 22.

 

Слични новости

Вембенјама и Тејтум прогласени за играчи на неделата во НБА лигата

Вембенјама и Тејтум прогласени за играчи на неделата во НБА лигата

Кошаркарот на Сан Антонио Виктор Вембенјама е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата. Вембенјама во минатата недела имаше просек од 36 коша, 10,3 скока, 3,7 асистенции и 4,3 блокади по натпревар.