Кошаркарите на Сан Антонио утринава на свој терен го победија тимот на Далас со 112:111.
Во победничкиот тим блескава партија имаше Виктор Вембенјама кој го постигна рекордот на својата кариера со 52 поени, 24 скока и 8 блокади.
Французинот стана првиот кошаркар во историјата на Сан Антонио кој на еден натпревар постигнал најмалку 50 кошеви и 20 скокови.
Во екипата на Далас најдобар беше Кајри Ирвинг со 29 коша, додека Наџи Маршал постигна 22.
Слични новости
Европскиот шампион ПСЖ со разочарувачки старт на почетокот од сезоната
Париз Сен Жермен синоќа на домашен терен загуби од Монако со 2:1 и по три кола во француската прва лига нема ниту една победа. Поразот на домашен терен против Монако уследува откако во минатото коло ПСЖ во финишот на мечот спаси бод против Лил, а во првото коло одигра нерешено 2:2 против Рен.
Бешикташ славеше со 2:1 во дербито против Фенербахче
Домаќините поведоа со голот на Шкрињар во 26-тата минута. Ридван Јилмаз израмни на 1:1 во 38-та минута, а конечниот резултат го постави Душан Влаховиќ во 73-тата минута од мечот по прекрасна акција на Бешикташ.
Рома со пресврт во завршницата ја победи Аталанта
Гостите од Бергамо поведоа во 47-та минута со голот на Едерсон, а пресвртот го донесоа Марио Хермосо во 90-тата и Матијас Суле во третата минута од судиското надополнување.


