Кошаркарите на Сан Антонио утринава на свој терен го победија тимот на Далас со 112:111.

Во победничкиот тим блескава партија имаше Виктор Вембенјама кој го постигна рекордот на својата кариера со 52 поени, 24 скока и 8 блокади.

Французинот стана првиот кошаркар во историјата на Сан Антонио кој на еден натпревар постигнал најмалку 50 кошеви и 20 скокови.

Во екипата на Далас најдобар беше Кајри Ирвинг со 29 коша, додека Наџи Маршал постигна 22.

 

Слични новости

Тренерот на Фенербахче Исмаил Картал поднесе оставка по вчерашното реми против Рома во ЛШ

Тренерот на Фенербахче Исмаил Картал поднесе оставка по вчерашното реми против Рома во ЛШ

По нерешените 1:1 против Рома на домашен терен во Истанбул тренерот на Фенербахче Исмаил Картал поднесе оставка на конференцијата за печатот. Тимот денеска се собра во тренинг центарот, но Картал не се појави на тренингот.

Хамес Родригез се враќа во Колумбија

Хамес Родригез се враќа во Колумбија

Родригез се враќа во татковината по цели 18 години, откако како 17 годишно момче замина од Колумбија во аргентинскиот Банфилд, а потоа во Порто. По Мундијалот 2014 го направи трансферот на кариерата во Реал Мадрид, по што кариерата му тргна во надолна линија.