Кошаркарот на Сан Антонио Виктор Вембенјама е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата. Вембенјама во минатата недела имаше просек од 36 коша, 10,3 скока, 3,7 асистенции и 4,3 блокади по натпревар.

Кошаркарите на Сан Антонио минатата недела во НБА лигата остварија три победи на три натпревари, а Французонот по четврти пат во кариерата е избран за играч на неделата во НБА лигата.

За најдобар играч на Источната конференција е прогласен кошаркарот на Бостон Џејсон Тејтум, кој имаше просек од 30,3 поени, 7 асистенции и 5,8 скока по натпревар.

Бостон минатата недела постигна 4 победи на 4 натпревари.

Слични новости

Јувентус го победи Наполи со 2:0 и засега е спасен Спалети на клупата

Јувентус го победи Наполи со 2:0 и засега е спасен Спалети на клупата

Фудблаерите на Јувентус го победија Наполи со 2:0 на домашен терен во 10-тото коло од Серија А. Водството на Јувентус им го донесе босанскиот фудбалер Керим Алајбеговиќ во 70-тата минута, а конечниот резултат во 87-та го постигна Жереми Бога.

Никола Јокиќ стигна до јубилејниот 200-ти трипл дабл во НБА лигата

Никола Јокиќ стигна до јубилејниот 200-ти трипл дабл во НБА лигата

Српскиот центар Никола Јокиќ го постигна за Денвер 200-иот трипл дабл во кариерата, откако на гостувањето во Њу Орлеанс постигна 21 кош, 13 скокови и 10 асистенции. На Јокиќ му се потребни уште 10 трипл-даблови оваа сезона за да го престигне Расел Вестбрук и да избие на првото место на вечната листа на НБА.