Кошаркарот на Сан Антонио Виктор Вембенјама е прогласен за играч на неделата во Западната конференција на НБА лигата. Вембенјама во минатата недела имаше просек од 36 коша, 10,3 скока, 3,7 асистенции и 4,3 блокади по натпревар.
Кошаркарите на Сан Антонио минатата недела во НБА лигата остварија три победи на три натпревари, а Французонот по четврти пат во кариерата е избран за играч на неделата во НБА лигата.
За најдобар играч на Источната конференција е прогласен кошаркарот на Бостон Џејсон Тејтум, кој имаше просек од 30,3 поени, 7 асистенции и 5,8 скока по натпревар.
Бостон минатата недела постигна 4 победи на 4 натпревари.
Слични новости
Фудбалерот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш прогласен за најдобар играч на Премиер лигата
Фернандеш минатата сезона го собори рекордот на Премиер лигата со дури 21 асистенција, а постигна и девет гола, со што му помогна на јунајтед да го освои третото место и да се врати во Лигата на шампионите.
