Велика Британија одвојува милијарди фунти за да ја зајакне својата воено индустрска база во подготовка за директен конфликт со Русија, изјави британскиот министер за одбрана Џон Хили. Би Би Си објави дека Москва и Пекинг ќе бидат претставени како главни закани по Велика Британија во извештајот на владиниот стратегиски преглед на одбраната.
Се очекува 1,5 милијарди фунти да бидат издвоени за изградба на шест нови фабрики за муниција, а Лондон ќе инвестира 6 милијарди фунти за производство на оружје од голем дострел, вклучувајќи ги и ракетите „Сторм Шедоу“.

Министерот за одбрана Хили рече дека ова е порака за Москва и цврст став на Британија која не само што ги зајакнува воените сили, туку и ја засилува воено индустриската база.
Западната поддршка на Украина откри сериозни слабости во производството на оружје, а британските воени лидери предупредија дека залихите на оружје се опасно ниски. Лондон потроши на Украина околу 16 милијарди евра помош, од што две третини беше воена помош.
Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон се залагаат за распоредување на западни трупи во Украина во случај на прекин на огнот.
Русија предупреди дека сите НАТО трупи распоредени во Украина дури и под знакот на мировни сили ќе ги третира како легитимни цели.
Слични новости
Хаџот започнува со повеќе од милион верници, организаторите се борат со виските температури
Повеќе од милион верници се собраа пред најважниот исламски ритуал на хаџот под жешкото сонце во среда, додека властите вложија напори да избегнат повторување на минатогодишните повеќе од 1.000 смртни случаи од топлина.
Зголемените царини за метали на Трамп стапуваат на сила додека истекува рокот за „најдобрите“ понуди
Американските царини за најголемиот дел од увезениот челик и алуминиум ќе се удвојат во средата, денот кога претседателот Доналд Трамп очекува трговските партнери да ги достават своите „најдобри понуди“ за да избегнат наметнување царини за други стоки на почетокот од јули
Најавата на разговор меѓу Трамп и Си го поттикна Волстрит
Цените на акциите пораснаа на Волстрит во вторникот, особено кај производителите на чипови, по веста дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да разговара со кинескиот претседател Си Џинпинг оваа седмица