Владата на Велика Британија донесе одлука да ги ублажи строгите санкции за руската нафта која се преработува во дизел и млазни горива во трети земји поради растон на цените на горивата, а одлуката на владата стапува во сила денеска.
Одлуката исто така е одговор на загриженоста околу снабдувањето со гориво поради ефикансната блокада на клучниот Ормутски теснец од почетокот на војната на Израел и САД со Иран, објави Би Би Си.
Исто така се укинати некои од санкциите за рускиот течен природен гас (ТПГ).
Ублажувањето на снакциите сега ефикасно ќе овозможи увоз на млазно гориво од Индија, која претходно беше клучен добавувач за велика Британија, а големи количества на руската нафта се рафинираат и во Турција.
Слични новости
Европските берзи во пораст, американските со благ минус
Европските берзански индекси главно се во благ раст. Европскиот Еуро стокс 50 порасна за 0,58 насто, германскиот Дакс се качи за 1,49 насто, а францускиот ЦАЦ за 0,44 насто.
Горивата поскапуваат од полноќ
Еуросупер БС-95 поскапува за два денара и ќе чини 87 денари за литар, а Еуросупер БС-98 поскапува за два и пол денари и од полноќ ќе се продава по цена од 89 денари за литар. За два и пол денари се зголемува и цената на дизелот кој сега ќе чини 92 денара за литар.
Цената на нафтата Брент скокна на 110 долари
Цената на нафтата Брент денеска се качи на над 110 долари, што е поскапување за 1.90 насто, додека цената на сировата нафта порасна за 2,32 насто и се тргува за над 107 долари по барел.


