Апсолутниот светски шампион во бокс, Украинецот Олександр Усик ќе мора да ја одбрани титулата против Новозеланѓанецот Џозеф Паркер, објави Светската боксерска организација (ВБО).
ВБО додаде дека Усик има 30 дена да ги договори условите за борбата за одбрана на титулата против Паркер.

Со неговата победа против Британецот Тајсон Фјури минатата година, Усик стана првиот боксер во последните 25 години што ги обединил шампионските појаси на ВБЦ, ВБА и ВБО. Потоа најави дека ќе настапи во уште две борби пред крајот на кариерата, а неговата прва одбрана на титулата требаше да биде против подобриот од Паркер и Британецот Даниел Дубоа, што требаше да се одржи на 22 февруари во Ријад.
Сепак, Дубоа се повлече од борбата и беше заменет со Конгоанецот Мартин Баколе, кого Паркер го победи во само две рунди.
И покрај тоа, Дубоа се надеваше дека ќе договори борба со Усик во која Украинецот ќе ги донесе своите три појаси, а тој ќе го донесе својот, кој го држи според верзијата на ИБФ.
Паркер беше светски шампион на ВБО од 2016 до 2018 година.
Слични новости
Кастелс се откажа од белгиската репрезентација во знак на протест
Белгискиот голман 32-годишниот Коен Кастелс ја напушти репрезентацијата во знак на протест поради претстојното враќање во тимот на неговиот сонародник и врсник Тибо Куртоа
По елиминацијата во Индијан Велс Ѓоковиќ изјави дека се мачи да игра на посакуваното ниво
Српскиот тенисер кој има најмногу грен слем титули во историјата на тенисот утринава беше елиминиран од 85 играч на светот Холанѓанецот Ботик ван Де Зандсхулп со 2:1 во сетови.
НБА: Селтикс ja добија пресметката на великаните во „ТД Гарден“
Во синоќешното дерби на НБА, Бостон Селтикс ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 111:101 во својот „ТД Гарден“, со што ја прекинаа серијата од осум победи на гостинскиот тим